Fashion group Блог

Celio Blog 1 kosuli

Celio

Моден водич за кошули од Celio*

Уште од своето основање во 1985 година, Celio* нуди огромен избор на кошули – од класичен бизнис стил, преку урбано-лежерни до спортски модели, колекциите на Celio* нудат за секого по нешто и тоа по одлични цени. И бидејќи сите знаеме дека животот е премногу краток за да се помине покрај даската за пеглање, Celio* го третира материјалот на кошулите со специјална “без пеглање” техника, за да се олесни или целосно избегне овој процес. Следете го Celio* водичот за да дознаете повеќе за изборот, материјалите и одржувањето на Вашите кошули.

Која е вашата совршена силуета?

Регуларна кошула

За мажите со покрупна градба или оние кои едноставно сакаат поголема комоција, регуларната кошула со прав крој овозможува удобност без затегање во делот на копчињата.

-GUIDE-desktop-chemises-regular-

Слим или струкирана кошула

За оние кои имаат тело со нормална градба или пак се доста слаби, ваквата кошула ќе даде изглед на V-форма заради тесниот, “slim” крој.

-GUIDE-desktop-chemises-slim-

Како да проверите која кошула е за вас?

Додека пробувате кошула, постојат неколку начини да проверите дали Ви одговара величинатa – ракавот не стои згужвано во делот на спојување со рамото; работ на кошулата се поклопува со завршетокот на рамото и почеток на горниот дел од раката, толеранцијата е половина сантиметар. Кога ќе се закопчат копчињата не предизвикуваат затегнување или пак фалти. Кога е закопчано и најгорното копче, просторот помеѓу крагната и вратот треба да биде еден прст. Ракавите мора да бидат да го покриваат зглобот на дланката (кога се носат со одело, ракавите мора да бидат 1 цм подолги од ракавот на палтото).

Материјали

Во Celio*, кошулите доаѓаат во разновидни материјали кои одговараат на желбите на купувачите – 100% памук, но исто така и додатоци за поголема растегливост, ефект на сатен или лен.

Памукот има многу добри страни: мек и пријатен на допир со кожата, апсорбира, издржлив е и има добра изолирачка моќ. Доколку барате максимална удобност, Celio* нуди памучни кошули со еластан  – материјал кој може да се растегне 7 пати повеќе од својата должина и да се врати во првобитната состојба. Овој материјал овозможува слобода во движењето, но и одличен изглед заради намаленото гужвање.

За оние пак кои поминуваат долги, стресни часови во кошулата која ја носат, совршени се кошулите мешавина на памук и полиестер. Оовј материјал е економичен и многу издржлив, а исто така не гужва, лесно се пере и не се собира. Вистински неуштливи модели на кошули!

Збогум пеглање!

-GUIDE-desktop-chemises-le-choix-des-armes-fer-

Испери, испеглај, облечи: животот е премногу краток за да се помине покрај даската за пеглање! Техничарите во Celio*создадоа извонреден материјал кој не се гужва. Тајната? Процес во два или три чекори:

Чекор 1: Селектираме памук со зголемена издржливост, односно со двојно ткаење на кој се сплицира специјален финиш за намалено/избегнато гужвање.

Чекор 2: Додека се шие кошулата, се додава лента за да се зајакнат рабовите и да се избегне гужвањето при перење.

Чекор 3: Кај материјалите кои особено се подложни на гужвање како пуплинот, се нанесува дополнителен третман против гужвање на веќе изработената кошула.

На крајот од процесот кошулите се изложуваат на висока температура за долгорочна фиксација на финишот во внатрешноста на памучните нишки, а резултатот се кошули кои пеглаат лесно или пак воопшто не е потребно да се испеглаат.

Без флеки

Слично како и кај процесот со кој се избегнува пеглање, дел од кошулите во новата колекција на Celio* се поминуваат со специјален “водоотпорен” третман кој оневозможува флеките да се фиксираат на материјалот.

Одржување

-GUIDE-desktop-chemises-le-choix-des-armes-chemises-

Кај сите модели на кошули одржувањето е класично и лесно. Перењето е на 40° C, во машина (хемиско чистење не е потребно). Машината за сушење треба да се избегнува за да се заштити материјалот.

Која националност е Вашата крагна?

Секогаш видлива, без разлика дали се носи со пуловер, вратоврска или палто – крагната е многу важен елемент на секоја кошула.

Француска крагна

French collar

Овој вид на крагна има широк отвор кој овозможува одлична видливост на јазолот на вратоврската. Особено одговара на оние со издолжено лице и врат бидејќи визуелно ги проширува.

Италијанска крагна

Italian collar

Класична и најраспространета, со издолжени врвови. Одлична за оние кои носат кошула со вратоврска, но и оние кои ја носат крагната раскопчана.

Полу-италијанска крагна

-Guide-desktop-guide-des-cols-col-semi-italien-

Најлесна за комбинирање со отвор со просечна големина, убаво одговара со различни физиономии.

Американска крагна

За лежерен стил,  Celio* нуди американски крагни кои имаат копчиња за прицврстување.

-Guide-desktop-guide-des-cols-col-fantaisie-

“Col Mao” крагна

-Guide-desktop-guide-des-cols-col-mao-

Позната како мандаринска крагна, во моментов позната како “col mao”, овој модел на крагна е особено популарен кај момците кои сакаат да изгледаат модерно префинето.

Детали

Деталите го даваат најважниот впечаток на кошулата и со тоа го диктираат Вашиот стил – бизнис или трендовски, Вие одлучувате темата на Вашиот ден.

Манжетни – после крагната, уште еден дел од кошулата кој е особено забележителен. Единечните манжетни се класични и најзастапени. “Mускетар” манжетните имаат преклоп и двоен отвор, па затоа потребно е да се носат копчиња-манжетни.

Превиткувања и преклопи – во зависност од кројот и стилот на кошулата, овие елементи даваат поистенчен изглед и го истакнуваат телото.

Копчиња – тие се можност за дискретно да ја покажете вашата личност во зависност од тоа дали ќе изберете со бисерен сјај, пластични, метални, со ефект на кокосово дрво, итн.

Изборот е Ваш

-GUIDE-desktop-chemises-icon-masculine-

Оваа сезона, колекцијата на Celio* нуди околу 200 модели на кошули. Тука се карираните модели – класичниот “cowboy” дезен или пак фланелски модел со гранџ ефект. Секако, тука се и суптилно карираните модели, одлични за во канцеларија, но и за “afterwork” забава.

-GUIDE-desktop-chemises-jeans-

Тексас кошулите не само што биле омилени на вечниот бунтовник Џејмс Дин, туку сè уште се трендовски, актуелни и вистински “must-have”, а доаѓаат во неколку нијанси.

Оксфорд стил – лесни за носење, едноставни, но шик, Оксфорд кошулите гарантираат мажествен излгед. Секој маж треба да има барем една ваква кошула во својот плакар.

-GUIDE-desktop-chemises-oxfordl-

Бизнис кошули – Неизбежни кога носите одело, практични и разновидни со одличен крој за сечиј вкус и потреби.

-GUIDE-desktop-chemises-bureau-

 

Да бидеме поврзани