Fashion group Блог

ws-musical-cover

Women’secret

МЈУЗИКЛ НА WOMEN’SECRET СО ЕЛСА ПАТАКИ “WE ARE SEXY WOMEN”

Новогодишната магија од која women’secret e неизбежен дел,  започнува со промоцијата на краткото видео во која главна улога повторно има популарната шпанска актерка Елса Патаки. Видеото е направено во форма на мјузикл со кабаре тематика, а во него доминираат атрактивни парчиња кои ја истакнуваат женственоста и шармот кои во себе ги носат моделите од овој бренд.

Колекцијата на women’secret е наменета за сите специјални моменти кои ги носи празничниот период, а ја сочинуваат елегантни модели во кои секоја жена се чувствува привлечно и секси. Провидните корсети и сетови во црна боја со деликатни додатоци од тантела и многубројни дополнителни украсни елементи, наскоро ќе бидат достапни и во продавницата на women’secret во Скопје.

 

Да бидеме поврзани