Fashion group Блог

Blog COVER MANGO commited

Mango

MANGO ЛАНСИРА НОВА ЕКО-МОДНА ЛИНИЈА!

she_catalogo_committed_17_8 (Large)

Минатата година MANGO го лансираше проектот Take Action кој вклучува низа активности насочени кон креирањето на бизнис модел врз основа на самоодржливи критериуми и поеколошки процеси. Компанијата моментално развива план кој ќе вклучува идни иницијативи во оваа сфера. Една од нив е MANGO Committed, женска и машка колекција чии парчиња се произведени од одржливи еко-материјали. Токму оваа капсулна колекција ја претставува кампањата за март, а во неа се вклучени моделите Ракел Цимерман и Матијас Лоридсен фотографирани од Џош Олинс. Локацијата која е одбрана за сликање на кампањата е ремек-делото на органска архитектура – Maison Gudet  од Анти Ловаг, место каде што дизајнот и природата се спојуваат во едно.

9033 (Large)

Линијата содржи 25 женски парчиња во минималистички стил, иновативни форми и различни волумени. Материјалите кои се користат во колекцијата се еко-пријателски: органски и рециклиран памук, рециклиран полиестер и Tencel ® и истите се обоени во еколошки бои во неутрални нијанси. Сите парчиња имаат интернационални сертификати кои го гарантираат потеклото на одржливо производство од фабриките во Португалија, Мароко и Турција.

9019 (Large)

MANGO ги адаптира секојдневните активности на поеколошки начин и се стреми кон самоодржливо развивање во сите области во кои делува, па оттаму во последните години се креираше иницијатива која прерасна во проектот Take Action. Моментално 44% од останатите колекции на брендот вклучуваат природни влакна, а компанијата креираше и интерна алатка која ќе ја калкулира водата која се користи во процесот на производство на парчињата и инсталацијата, со цел да ја намали потрошувачката на вода.

MANGO Committed капсулната линија ќе биде достапна во продавниците во ГТЦ и Скопје Сити Мол во текот на месец март.

 

Да бидеме поврзани