Fashion group Блог

Blog cover prf la piscine

Parfois

ЛЕТНА КОЛЕКЦИЈА “LA PISCINE”

Инспирирана од 50-тите и 60-тите години, колекцијата La Piscine се појавува како клучна тема за летните денови. Сцената на познатите Молитор базени во Париз, каде доминираат боите е главна инспирација за колекцијата која нè носи во ретро-лето полно со геометриски фигури и колор блокирање.

Tab_LaPiscine_SS17_08

Чанти во црвена, сина и жолта боја со впечатливи риги; торби со дрвени рачки и цветови за лето во кое најважниот елемент се деталите.

Tab_LaPiscine_SS17_06

Чевлите, исто така, имаат винтиџ инспирација: платформите во интензивна црвена боја се едни од централните елементи во колекцијата.

Ако накитот е клучен за незаборавно лето, тогаш La Piscine нè носи на едно сосема ново ниво каде акрилот и текстилот се во хармонија и создаваат впечатливи ланчиња и обетки кои ќе ја збогатат дури и наједноставната комбинација.

Tab_LaPiscine_SS17_02

Oчилата за сонце во сина и црна боја со бели ленти ја имаат елеганцијата и естетиката која доминирала во 50-тите и 60-тите такашто тие се совршено дополнување на целосниот изглед.

Златните денови на 50-тите се тука и носат разнобојно и ретро лето за модерните жени кои сакаат да го оживеат минатото.

Tab_LaPiscine_SS17_05 Tab_LaPiscine_SS17_09 Tab_LaPiscine_SS17_03

Да бидеме поврзани