Fashion group Блог

Blog cover BITSIANI

Bitsiani

BITSIANI СТИЛСКИ ВОДИЧ ЗА МАТУРАНТИ

Со доаѓањето на сезоната на матури неизбежна е потрагата по комбинација со која матурантите ќе бидат впечатливи и уникатни, а сепак ќе го задржат младешкиот дух. Веќе трета година по ред, Bitsiani подготвува стилски водич за матуранти со кој сака да им даде идеи и да разреши некои од дилемите кога станува збор за облека за овој вид на прослава.

Како што е вообичаено за Bitsiani, комбинациите се колоритни и даваат свежа интерпретација на актуелните модни трендови. Силуетата ја следи линијата на телото, а бои кои доминираат се сината и бежовата, дополнети со потемни нијанси и поинтензивни тонови. Обувките се важен дел од секоја комбинација и тие ја дополнуваат приказната за младиот, модерен човек кој самоуверено ја носи облеката и наоѓа начин преку неа да го изрази својот сензибилитет. Модните додатоци како марамчиња, вратоврски, беџови и манжетни се неизбежни и можат да се комбинираат на безброј начини. Во стилскиот водич, освен предлог комбинациите, матурантите  ќе може да најдат и корисни текстови за комбинирање на бои, врзување вратоврска, носење џебно марамче и слично.

Фотосесијата за матурскиот водич е реализирана од страна на фотографите Ани и Дими со моделот Димитар Амски од агенцијата Моделс Ин, за шминка задолжен беше Дарко Мишовски, а за фризура салонот HairDo. Водичот е достапен во продажните места на Bitsiani, во рамките на списанието „Теа Модерна“ и на уште неколку соодветни локации низ градот.

Стилскиот водич е достапен и на веб-страна на Fashion Group: http://fashiongroup.com.mk/wp-content/uploads/2016/09/Bitsiani-Katalog-WEB.pdf

Да бидеме поврзани